Dzihat Aliju
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
СКОПЈЕ (АА) – Во координација со Советништвото за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, во различни градови од Северна Македонија се одржа волонтерска програма за учење Куран, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на програмата организирана помеѓу 1 и 31 јули, со поддршка од Претседателството на управата за верски работи на Турција и Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), 10 студенти од Факултетот за теологија одржаа разни обуки, часови за учење Куран.
Групата составена од 5 жени и 5 машки студенти од Теолошкиот факултет при Универзитетот „Мармара“ од Турција, во населените места и џамиите во источниот и западниот дел на Северна Македонија, одржаа обуки за основно верско знаење и социокултурни активности.
Во рамките на програмата обезбедена е обука за 500 до 600 лица на возраст од 5 до 15 години.
Мурат Алкан, советник за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, во изјавата за АА истакна дека целта на проектот е студентите по теологија од Турција да не создаваат мислење за Балканот преку документарни филмови или преку книги, туку лично на самото место да го доживеат.
„Младите студенти преку проектот ќе можат стекнатото образование да го применат и во практика“, нагласи Мурат Алкан, додавајќи дека студентите одржале настава особено во источниот дел на Северна Македонија, каде што живее турско население, и има потреба од религиозно образование.
Алкан, изразувајќи дека со проектот е воспоставен мост меѓу двете земји, додаде:
„Се здобија со образование и за Куранот и за вредностите. Исто така учествуваа и на работилниците. Студентите имаа можност да воспостават вистински искрен дијалог со нив. За овие наши браќа, Северна Македонија веќе не е далечна земја. Студентите изградија духовни мостови. Се надевам дека преку овие мостови ќе продолжи и чувството за братство“, рече Мурат Алкан, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје.