Dejan Maksimoviç
19 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
ВУКОВАР (АА) – Во Вуковар денеска на „Денот на сеќавањето на жртвите на Вуковар од 1991 година се собраа неколку десетици илјади граѓани кои се присетија на загинатите, починатите и исчезнатите бранители, на градот на хероите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ноќта по „Денот на сеќавањето” во Вуковар изгледаше, можеби и поимпресивно од денешното одбележување на 27 годишнина на падот на градот на хероите. Илјадници лампиони на различни локации ја осветлија дождливата ноќ во градот кој се сеќава на своите херои.
„Светлосната река на сеќавање" е една од глетките, која вечева можеше да се види во Вуковар. Низ Дунав се пуштени лампиони во чест на страданите во текот на опсадата на градот, што изгледаше импресивно и достоинсвено. Организаторите беа Градскиот музеј на Вуковар и Спортското здружение „Рибич".
Бројни лампиони го осветлија и Крстот во чест на сите загинати бранители за слобода на Хрватска на устието на Дунав. И на Меморијалните гробишта на жртвите на Татковинската војна (Domovinski rat) сликата беше слична. Гробовите на бранителите и спомен обележјето го осветлуваат лампиони, а граѓаните во вечерните саати во групи и понатаму доаѓаат и оддават почест на страданите во одбрана на Вуковар.
Во текот на денот одржани се низа настани во рамките на одбележувањето на Денот на сеќавањето, а централното одбележување беше Колоната на сеќавањето, која со бранителите и семејствата на страданите ја предводеш државниот врв на Хрватска, на чело со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Александар Пленковиќ.
Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар се одбележува секоја година, во знак на сеќавање на падот на градот на 18 ноември 1991 година, под контрола на окупаторските сили на српските паравоени формации и тогашната Југословенска народна армија (ЈНА).
Опсадата и битката за Вуковар траеше три месеци, од 24 август до 18 ноември 1991 година. Градот, кој до падот во рацете на ЈНА е претворен во урнатини, го бранеа близу 1.800 припадници на хрватските сили. Линијата на одбраната беше долга 10 километри.
Во битките животот го загубија помеѓу 2.900 и 3.600 луѓе. Според податоците на болницата во Вуковар, загинале 1.624 цивили и припадници на хрватската Војска, а ранети се 1.219 лица. Над 22.000 предвоени жители останаа без своите домови и беа протерани.
Вуковар седум години по падот е мирно реинтегриран. Во градот во кој пред војната живееја над 44.000 жители, сега живеат нешто повеќе од 27.000.