Furkan Abdula
24 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во знак на одбележување на Ноќта на мираџ во Скопје беше изведена програма во рамките на која беа читани делови од светата исламска книга Куранот и беа изведувани илахии (духовни песни), јавува Anadolu Agency (AA).
По вечерната молитва во џамијата Мурат Паша, која се наоѓа во Старата скопска чаршија, беше организирана програма по повод Ноќта на мираџ.
Програмата која започна со читање на Куранот, а продолжи со илахии кои ги интерпретираа машките ученици на медресата Иса Бег во Скопје, кои освен на турски, илахиите ги интерпретираа и на албански и на босански јазик.
Верниците муслиманите од Скопје покажаа голем интерес по повод вечерашниот настан.
Покрај програмата во Скопје по повод Ноќта на мираџ, слични програми беа организирани и во џамиите во останатите градови низ Македонија.
Инаку, Ноќта на мираџ се одбележува на 27. ноќ од месецот Реџеп според исламскиот календар, кој оваа година се паѓа во ноќа помеѓу 23 и 24 април според грегоријанскиот календар, а претставува ноќ кога се возвишил Мухамед, Божјиот пратеник на муслиманите.