Kristina Maslareviç
30 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ, на прес-конференцијата во Владата на Србија, во врска со оружјето пронајдено вчера во близина на неговиот семеен дом во белградското предградие Јајинци, изјави дека повеќе детали ќе бидат познати вечерва, кога ќе стигнат резултатите дали постои парцијална ДНК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Немам никакви информации, освен оние до кои воглавно дојдоа и медиумите, и со таквите нешта не си играм. Како што слушнав со мои уши и ги видов со мои очи сите неопходни докази за сите чудни случувања во Црна Гора. Мојата работа е да се бавам со вистината, не сум убиец, и не сакам да учествувам во убиства. Подобро да бидете убиени, отколку да убивате некој, и затоа реагирав по повод ситуацијата во Црна Гора, каде што имав чисти докази. Јас за ова во Србија не знам ништо“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека безбедносните служби и претходно слушале одредени работи, но тоа не му било доволно кредибилно за со тоа да излезе во јавност, и дека минатата ноќ биле земени сите отпечатоци и сè што е потребно.
„Сигурен сум дека ќе се најде т.н. парцијална ДНК и потоа ќе се утврди дека можеби некој случајно го оставил, верувам оти тоа така ќе се утврди. Ако не пронајдеме ниту парцијална ДНК, тогаш сите ќе знаеме за што станува збор, бидејќи скоро е невозможно да не постои парцијална ДНК, бидејќи некој мора да ги стави куршумите во шините, а доколку не пронајдеме тогаш ми е јасно за што станува збор. Повторно, јас не знам од каде доаѓа тоа, незнам ништо повеќе од тоа“, додаде тој.
Како што наведе, единствениот проблем што го уочил е тоа што луѓето од неговото непосредно физичко обезбедување рекле дека тоа е совршено место и дека доколку би бирале тие, тоа би било единственото место.
Тој рече оти немало никаков обид за атентат и дека него никој не го допрел, а што се однесува до безбедносните служби тој истакна дека има целосна доверба во нив. Додаде дека вчера 16:05 часот министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, му соопштил за дојава за оружје коешто се наоѓало во шумата во Јајинци.
Тој нагласи дека смета оти некој случајно го оставил оружјето таму, затоа што ако некој навистина одлучл да направи нешто, тој и оние околу него, не би имале никакви шанси за преживување, и дека му е многу поголем проблем тоа што многу луѓе и деца можеле да настрадаат.
Истакнувајќи дека политиката нема да ја менува, Вучиќ додаде оти ќе биде доволно грубо и безобѕирен да ја зачува независноста и самостојноста на Србија, и дека ќе биде доволно храбар да им го каже на Србите сè она што не сакаат да го чујат.
„Немам ниеден доказ дека некој сакал да ме убие, чудно место е избрано, можеби случајно се случило, кој би знаел. Ништо не знам за тоа. Претходно имаше некои најави, што ги наоѓавме на хартија, но тоа се претпоставки на службите без директни докази какви што ги видов за Црна Гора“, заклучи Вучиќ.