БЕЛГРАД
„Вечерва добивме огромна доверба на народот, најголема од било кога Србија, и нешто повалку од 3,3 милиони излезност на граѓаните, добивме повеќе од два милиони гласови", изјави Александар Вучиќ, претседателот на Србија и лидерот на листата „Александар Вучиќ - За нашите деца", јавува Агенција Анадолија (АА).
По објавените прелиминарни резултати, Вучиќ рече дека огромна доверба на народот доби неговата листа, листата број еден во „услови кога малку кој во тоа верувал".
Вучиќ рече дека добиле 63,4 отсто, но дека се очекува да има повеќе од 64 отсто кога ќе стигнат резултатите од Косово.
Како што наведе, листата „Ивица Дачиќ - СПС - ЈС - Драган Марковиќ Пална" и листата„ Александар Шапиќ - Победа за Србија" се сигурни во парламентот, и немнозинската партија „СДА Санџак - др Сулејман Угљанин", листата „Академик Муамер Зукорлиќ - Само право - Партија на правдата и помирувањето - Демократската партија на Македонците", „Сојузот на Унгарците од Војводина - Иштван Пастор" и „Албанската демократска алтернативва - Обединета долина", додека за листата „За Кралството Србија - Жика Гојковиќ", е на „работ" каде „тоа зависи од 2.000, 3.000 гласови" и дека не може да ја исклучи можноста во парламентот да влезат „Суверенисти" и „Метла 2020".
Според Вучиќ, неговата листа добила голема доверба од народот и дека мораат да бидат уште поодговорник, посериозни и погрижливи и дека мораат да направат најдобри можни резултати за граѓаните.
„Ние вечерва на нешто помалку од 3,3 милиони излезност сме листа број еден и добивме повеќе од два милиони гласови", наведе тој.
Вучиќ рече дека „победиле секаде, секаде каде губеле, во секое место во странство, таму каде никогаш не победиле".
Претседателот на Србија рече и дека неговата листа добила 90 отсто гласови во босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска каде гласаа 87 отсто од гласачите.
Тој најави дека во наредниот состав на Владата на Србија ќе се земаат и луѓе кои не го поминаа цензусот.
Според прелиминарните резултати на Републичката изборна комисија на Србија објавени вечерва, листата „Александар Вучиќ - За нашите деца", освоија 63,35 отсто од гласовите, додека второ место е листата „Ивица Дачиќ - СПС - ЈС - Драган Марковиќ Палма" со 10,67 отсто од гласовите.
Според резултатите на 2,32 отсто од гласачките места, листата „За Кралството Србија - Жика Гојковиќ", освои 2,57 отсто гласови, потоа следуваат „Александар Шапиќ - Победа за Србија", со 2,17 отсто.
„Др. Војислав Шешељ - Српската радикална партија" има 1,58 отсто, „Сојуз на Унгарците од Војводина - Иштван Пастор", 0,83 отсто, „Обединета демократска Србија", 0,32 отсто, „Академик Муамер Зукорлиќ - Само право- Партија на правдата и помирувањето - Демократска партија на Македонците" 0,53 отсто, „Метла 2020" 1,16 отсто.
Листата „Милан Стаматовиќ - Здраво до победа - Драган Јовановиќ - Подобра Србија - Здрава Србија" има 1,29 отсто, потоа следува „СДА Санџак - др Сулејман Угљанин" со 0,26 отсто, „Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Српска партија Заветници" со 1,11 отсто.
„Народен блок - Велимир Илиќ - генерал Момир Стојановиќ" има 0,31 отсто од гласовите, „Сергеј Трифуновиќ - Движење на слободни граѓани" 0,78 отсто, „Суверенисти" 1,16 отсто, „Албанска демократска алтернатива - Обединета долина" 7,39 отсто, „Група граѓани: 1 од 5 милиони" 0,37 отсто, „Нека паднат маските - Зелена партија - Нова партија" 0,11 отсто, „Чедомир Јовановиќ - Коалиција за мир" 0,28 отсто, „Руска партија - Слободан Николиќ" 0,11 отсто и „Движењето Левјатан - Живеам за Србија" 0,44 отсто.