İsmail Çoktan
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
РИЈАД (АА) - Во Саудиска Арабија вчера се одржаа историски локални избори на кои жените за прв пат имаа право да бираат и да бидат бирани, а Селма бинт Хизаб ал Отеиби стана првата жена кој е избрана во еден општински совет во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Мека и претседателот на изборното тело во тој град Осама ал-Бар, според првите прелиминарни резултати од вчерашните избори, соопшти дека кандидатката Отеиби добила доволен број гласови за влегување во новиот мандат на општинскиот совет во Мадраках, во близина на Мека.
Учеството на жените на вчерашните избори во Саудиска Арабија одобрено е со одлука на поранешниот крал на земјата Абдула бин Абдулазиз, во септември 2011 година, а овогодинешните избори се први на кои жените се појавија во улога на избирачи и кандидати.