Балкан

Вучиќ свечено ја пречека Урсула фон дер Лајен пред Палатата Србија

- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред Палатата Србија денес официјално ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која допатува во дводневна работна посета на Србија

Alma Dekovic  | 25.10.2024 - Обновена : 26.10.2024
Вучиќ свечено ја пречека Урсула фон дер Лајен пред Палатата Србија Фото: Филип Стевановиќ

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред Палатата Србија денес официјално ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која допатува во дводневна работна посета на Србија, јавува Анадолу.

Приемот беше организиран со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет разговор меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен и пленарни разговори на делегациите на Србија и на Европската Унија.

Вучиќ претходно на Инстаграм објави дека со Фон дер Лајен го очекуваат важни разговори за односите меѓу Србија и ЕУ, напредокот на европскиот пат на Србија и можностите што земјата сака да ги искористи кога станува збор за новиот импулс во процесот на проширување.

Фон дер Лајен пристигна во Белград од Босна и Херцеговина, а претходно ги посети Албанија и Северна Македонија. Од Белград утре заминува за Косово, а регионалната турнеја ја завршува со посета на Црна Гора истиот ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.