Andjelija Stojkovic
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во разговор со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Паоло Али, изјави дека Србија ќе остане воено неутрална, но дека тоа не е препрека за развој на соработката со таа воена алијанса во рамките на Партнерството за мир, а со цел јакнење на стабилноста, особено на Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (АА).
„Али ги поддржува напорите што Србија ги вложува во зачувувањето на стабилноста и ширењето на соработката во регионот“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Србија.
Понатаму се вели дека Али изразил задоволство што во изминатиот период меѓу Србија и НАТО е интензивиран дијалогот на највисоко ниво, почитувајќи ја позицијата на Србија за воената неутралност.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството по состанокот, Вучиќ изјави дека учеството на Србија на годишното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, во својство на придружен член, придонесува за меѓусебното разбирање и доверба.
Тој се заблагодари за улогата на КФОР како гарант на безбедноста во Косово и Метохија.