Yusuf Özcan
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
СТРАЗБУРГ (АА) – На пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП) која се одржува во францускиот град Стразбург, денеска се гласаше за извештаите во врска со напредувањето на Македонија, Србија и Косово во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со одлуката за Македонија, од новоформираната македонска влада се бара таа да продолжи со напорите кои ги вложува во насока за членство во унијата. Притоа се наведува дека доколку Македонија спроведе реформи на полето на правдата, судството и човекови права, ќе започнат преговори за членство во ЕУ.
Оваа одлука е изгласана со 503 гласа за, 113 против и 45 воздржани.
На седницата на ЕП, извештајот за Србија е прифатен со 524 гласа „за”, 70 „против” и 79 воздржани. Парламентарците на ЕП се задоволни од развојот на настаните со цел да се подобрат односите на линијата Белград-Приштина и воспоставување на правниот систем на ЕУ во Србија.
На пленарната седница било истакнато дека надворешната политика на Србија, освен кон Русија, треба да се задржи на истата линија и истовремено е потребна заштита на независноста на клучните институции и основните човекови права.
Со 474 гласа за, 134 против и 64 воздржани, прифатен е извештајот за Косово Според него, доколу преостанатите 5 земји кои досега се против зачленување на Косово во ЕУ, го поддржат нејзиното членство, ќе се зголеми сигурноста од аспект на надворешната политика на ЕУ, а тоа ќе даде свој придонес кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.