Shpetim Hiseni
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека две големи земји ќе го повлечат признавањето на независноста на Косово, пренесува Анадолу.
Во изјава за локален ТВ-канал, Вучиќ зборуваше за односите меѓу Србија и Косово.
Српскиот претседател изјави дека „две големи земји“ ќе ја повлечат одлуката за признавање на Косово, но не прецизираше за кои земји станува збор.
„Очекуваме уште две земји да го повлечат своето признавање во следниот период. Не зборуваме за мали, туку за големи, поголеми од нашата“, рече Вучиќ, тврдејќи дека досега 28 земји го повлекле признавањето на независноста на Косово.
Вучиќ и претходно даваше слични изјави. Од Приштина сѐ уште нема одговор за конкретната изјава.