Ekip
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес ја прими претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, која престојува во еднодневна работна посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
По церемонијата со свечен дочек, беше одржан состанок меѓу двајцата лидери во Претседателската палата во Анкара.
При посетата на Анкара, освен состанокот на претседателката Грабар-Китаровиќ со турскиот претседател Ердоган, предвиден е состанок и на делегациите на Република Хрватска и Република Турција и обраќање на двајцата претседатели.