Ahmed Muharem
02 Април 2023•Ажурирај: 03 Април 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора денес се одржува вториот круг од претседателските избори на кои граѓаните избираат нов шеф на државата. Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а граѓаните ќе можат да го искористат своето избирачко право до 20:00 часот. Право на глас имаат 542.154 граѓани, јавува Анадолу.
Граѓаните на Црна Гора денес избираат меѓу актуелниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ и младиот политичар од Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, кои освоија најмногу гласови во првиот круг од изборите.
Ѓукановиќ во првиот круг, кој се одржа на 19 март, освои 35,37 отсто од гласовите, додека Милатовиќ освои 28,92 отсто од гласовите.
Гласањето на вкупно 1.162 избирачки места го следат набљудувачи од ОБСЕ, Центарот за мониторинг и истражување (CEMI) и Центарот за демократска транзиција (CDT).
На првите непосредни претседателски избори во 1990 година во Црна Гора победи Момир Булатовиќ, како и на вторите одржани во 1992/93 година. Мило Ѓукановиќ победи на изборите во 1997 година. На претседателските избори во 2003, 2008 и 2013 година победи Филип Вујановиќ . На изборите во 2018 година победи Мило Ѓукановиќ.