Граѓаните неколку часа го блокираа Варадинскиот мост во Нови Сад поради трагедијата на железничката станица
- Организатори на вечерашниот протест се граѓанско-студентските групи „Свиќе“ и „Став“, а планот е до полноќ да се запре сообраќајот на Варадинскиот мост.
НОВИ САД (АА) - Неколку стотици граѓани нешто по 18 часот го блокираа Варадинскиот мост што го поврзува Нови Сад со Петроварадин во знак на протест поради трагедијата на платото пред железничката станица во Нови Сад, кога во петокот, на 1 ноември, дојде до пад на настрешница на железничката станица. Во несреќата загинаа 14 лица, а три лица се тешко повредени, известува Анадолу.
Организатори на вечерашниот протест се граѓанско-студентските групи „Свиќе“ и „Став“, а планот е до полноќ да се запре сообраќајот на Варадинскиот мост.
На мостот беа оставени црвени отпечатоци од дланките на рацете, симболизирајќи ги крвавите раце, но имаше и напишани пораки по улицата:
„Години молк завршуваат со минута молчење“ и „Убијци“, а учесниците на блокадата носеа неколку транспаренти со пораки насочени против актуелната власт.
Прочитани се барањата од претходниот протест што се одржа во вторникот. Демонстрантите најавија дека блокадата на мостот ќе трае до полноќ и наведоа дека барањата се одговорните за смртта на 14 лица на железничката станица да бидат кривично гонети, а премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот Милан Ѓуриќ да поднесат оставки. Покрај тоа, побаран е јавен и стручен увид во комплетниот договор и документацијата кои се поврзани со сите проекти кои се прогласени дека се од национален интерес.
На мостот беше соопштено дека пред блокадата биле приведени неколку активисти, меѓу кои Миран Погачар, пратеник во градското собрание на Нови Сад и активистката на „Штава“ Мила Пајиќ, и дека во текот на вечерта се обидувале да утврдат каде се однесени.
На нередите за време на масовниот протест во вторникот беше оштетено Градското собрание во центарот на Нови Сад, како и просториите на Српската напредна партија на Булеварот на ослободувањето, кои се најдоа на трасата на протестната прошетка. Полицијата таа вечер и утредента приведе 15 лица, од кои дел беа задржани во притвор, а дел беа пуштени да се бранат од слобода.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.