Балкан

Втората група нерегуларни мигранти од Италија пристигна во Албанија според нова шема за нивна релокација

- Нивната релокација е дел од неодамнешната иницијатива на италијанското Министерство за внатрешни работи за справување со нерегуларните пристигнувања на мигранти

Mustafa Talha Öztürk  | 08.11.2024 - Обновена : 11.11.2024
Втората група нерегуларни мигранти од Италија пристигна во Албанија според нова шема за нивна релокација

БЕЛГРАД (АА) - Втората група нерегуларни мигранти испратени од Италија пристигнаа денес во албанскиот пристаништен град Шенѓин, јавува Анадолу.

Групата од осум нерегуларни мигранти, кои неодамна беа спасени на море, пристигнаа во Шенѓин со брод на италијанската морнарица, прво ќе бидат подложени на здравствени прегледи пред да бидат префрлени во објектите под италијанска управа во Албанија, објави италијанската новинска агенција АНСА, додавајќи дека ќе останат таму додека нивните барања за азил се обработуваат.

Албанските власти сѐ уште не се огласија за пристигнувањето на втората група нерегуларни мигранти.

Нивната релокација е дел од неодамнешната иницијатива на италијанското Министерство за внатрешни работи за справување со нерегуларните пристигнувања на мигранти. На почетокот на октомври, два прифатни центри за мигранти беа отворени во Шенѓин и Ѓадр за да се подготват за дојдовните групи.

Организациите за човекови права остро реагираа и ја отфрлија иницијативата на италијанската Влада.

„Амнести интернешнал“ и другите групи го осудија договорот меѓу Италија и Албанија во јануари, нарекувајќи го „неостварлив, штетен и незаконски“ и ги повикаа пратениците да го отфрлат.

Италијанската шема за мигранти привлече споредби со контроверзниот план на Велика Британија за испраќање на барателите на азил во Руанда, поради што се соочи со правни предизвици и широк критицизам.

Првата група мигранти релоцирани од Италија пристигнаа во Албанија на 16 октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.