Ekip
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АТИНА
Грција влезе во втора фаза на постепено укинување на мерките воведени на почетокот на март со цел спречување на ширењето на новиот вид на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првата фаза која ја најави премиерот Киријакос Мицотакис започна на 4 мај.
Сите малопродажни продавници кои се затворени од март ќе бидат повторно отворени во понеделник, освен поголемите како што се трговски центри, ресторани и кафулиња, кои би требале да бидат отворени на 1 јуни.
Средношколците во понеделник се враќаат во училишните клупи. Министерството за здравство наложи строги мерки на социјална дистанца за да се спречи ширењето на вирусот.
Носењето маски е задолжително и во јавниот превоз и јавните простори како болниците, медицинските центри, продавници и фризерски салони.
На продавачите им е дозволено пуштање до четири купувачи во продавниците до 20 квадратни метри, четири лица плус еден за секој додатни 10 квадратни метри.
Задолжителна е и дистанцата меѓу купувачите од 1,5 метар.
Грција е една од првите европски земји, која ги затвори училиштата, баровите, кафулињата, рестораните, ноќните клубови, теретани, трговски центри, кина, малопродажни објекти, музеи, археолошки наоѓалишта и хотели, а доби многу пофалби за овие мерки.
Во земјата на Ковид-19 се позитивни 2.716 лица, објави Министерството за здравство во недела, а регистриран е и 151 смртен случај од последиците на вирусот.