Ayhan Mehmet
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АМФИСА (АА) - Во грчкиот град Амфиса, во спомен на една трагична љубовна приказна, традиционално се одржува Фестивалот „Ноќ на духови”, на кој на стотици учесници се маскираат во духови, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година, фестивалот се организира по 23. пат и претставува најколоритен фестивал во Грција, на кој учествуваат лица од сите возрасти.

Лица од различни подрачја на Грција доаѓаат да бидат дел од овој фестивал, користејќи интересни маски и костими изработени од животинска кожа.
Учесниците на фестивалот шетаа низ градот, а церемонијата заврши со палење оган на плоштадот во Амфиса.