Ekip
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
АТИНА (АА) - Грчките власти денес прогласија вонредна состојба на островот Лезбос, по земјотресот во кој една жена загина, а повеќе од 800 лица се раселени, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера, земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди областа на Егејското Море, односно западниот дел на Турција и грчкиот остров Лезбос.
Во земјотресот сериозно се оштетени или уништени куќи во 12 села во јужниот дел на Лезбос, соопштија денес грчките претставници.
Најстарите жители се сместени кај роднини, во хотелите или во воените засолништа.
Вчерашниот земјотрес е втора криза со којашто овој грчки остров се соочува во последните две години, откако повеќе стотици илјади мигранти и бегалци пристигнаа со бродови од турскиот брег, на Лезбос, на патот кон Европа.