Bojan Bednar
15 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, ги распиша изборите за избор на советите на градовите и советите на општините за 3 април оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дачиќ ги распиша изборите за советници во собранијата на градовите Бор и Белград, и советите на општините Арангеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.
Дачиќ посака успешна кампања со желба сѐ да помине во демократска атмосфера и граѓаните на Србија да се изјаснат како ја гледаат иднината на својата земја и кому му ја даваат најголемата доверба.