Ekip
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
БЕЛГРАД (АА) - Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во разговор со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, истакна дека членството во ЕУ останува приоритет за надворешната политика на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Соговорниците постигнаа договор за важноста на искрените и отворени односи меѓу двата партнера, во однос на преговорите за членство и кога станува збор за политичкиот дијалог.
Фабричи на Дачиќ му врачи покана од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, за учество на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Како што беше соопштено од страна на Владата на Србија, Дачиќ му посака успех во работата на новиот амбасадор, нагласувајќи дека тој ќе ја има сета потребна поддршка од Министерството за надворешни работи.