Medin Halilovic
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
НОВИ ПАЗАР (АА) - Денеска во центарот на Нови Пазар во југозападниот дел на Србија, со транспаренти во рацете на кои беше испишано „Палестина“ и со бошњачки национални знамиња, група од неколку десетици лица одржа мирен протест во знак на поддршка за муслиманите од Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Младите од Нови Пазар се собраа на проштадот „Иса-бег“ по петочната молитва (џума намаз), а поддршка им дадоа и некои претставници на Исламската заедница на Србија.
За време на собирот, присутните порачаа дека се собрани во знак на сочувствување со сите муслимани во светот, бидејќи џамијата Ал Акса е трето по значење свето место во исламот.
Еден од главните имами во Нови Пазар, Ирфан еф. Малиќ, рече дека денеска се собрале за да изразат поддршка за палестинскиот народ, да може слободно да чекори и да ја извршува својата молитва во месџид Акса (џамијата Ал Акса во Ерусалим).
„Голема неправда е некому да му забраниш да ја извршува својата молитва. Се собравме за да ја дадеме нашата поддршка за палестинскиот народ, да ги покажеме нашите емоции кон месџид Акса, но и да побараме од сите релевантни фактори да го спречат овој зулум и неправда што се спроведува врз муслиманите“, рече Малиќ, упатувајќи повик до услиманските земји, да се обединат во чувањето и одбраната на правата на муслиманите.
Зекерија Смајовиќ пред Здружението на граѓани на Нови Пазар рече дека денеска сакаат да испратат слика до светот, покажувајќи дека постојат луѓе кои се загрижени поради угнетувањето на другите.
„Ова е симболичен собир, бидејќи вчера беше прекината тортурата над народот на Палестина и Ерусалим. Нашата цел е симболична, до светот да пренесеме слика дека постојат луѓе кои се загрижени за случувањата, не само за муслиманите, туку воопшто, за угнетуваните од која било вера, нација и раса“, порача Смајовиќ.
Со присуство на полицијата, протестот помина мирно.