Andjelija Stojkovic
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Белград разговараше со европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со вонредни состојби, Христос Стилијанидис, кој изјави дека Србија од почетокот на мигрантската криза била одговорен и клучен партнер на Европската Унија, јавува Anadolu Agency (АА).
Како се наведува во соопштението на Владата на Србија, Вучиќ му се заблагодари на Стилијанидис на помошта во износ од над 20 милиони евра, кои ЕУ досега ѝ ги даде на Србија за решавањето на мигрантската криза.
Тој изјави дека Србија од почетокот на кризата се залага за единствено и солидарно решение и дека покажала подготвеност да бидел дел од тоа решение во согласност со своите можности.
Стилијанидис изјави дека Србија е пример како на хуман и ефикасен начин може да се одговори на предизвиците кои таа криза ги носи.
Тие разговараа и за состојбата во регионот. Вучиќ изјави дека Србија ќе остане верна на политиката на стабилност и соработка во регионот, додека Стилијанидес изјави дека ЕУ го цени тоа и оти Србија потврдува дека е поддршка во одржувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан.