Abdula Berisha
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) – По повод претстојната посета на Папата Франциск, закажана на 7 мај, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов, одржаа заедничка пред Спомен куќата на Мајка Тереза, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Зоран Заев рече дека веста за доаѓањето на Папата Франциск е дочекана со голема радост и благодарност, додавајќи дека државата ќе ја има честа да ја прими во „првата историска посета” главната личност на Католичката црква.
„Честа што ни е оддадена на нашата земја и нашите граѓани е дотолку поголема и позначајна и заради фактот што Ватикан и Република Северна Македонија оваа година одбележуваат важен јубилеј, 25 години од воспоставување на дипломатските односи”, рече Заев.
Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов, рече дека меѓу причините на посетата на Папата Франциск во Скопје е фактот што главниот град на Северна Македонија е родниот град на Мајка Тереза.
„Оваа светица од Скопје е пример и сведоштво за целиот денешен свет како треба да се служи на они кои се во најголема потреба и со каква љубов треба да им се пристапува”, рече Стојанов, додавајќи дека Мајка Тереза заедно со Папата Франциск го имаат чуството за љубов кон сиромашните и кон оние во потреба, без оглен на разликите.
- Агендата на Папата Франциск за еднодневната посета на Скопје
Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, во својот говор се осврна на агендата и на техничките аспекти од посетата на Папата Франциск во Скопје. Тој рече дека главната личност на Матоличката црква ќе пристигне на Меѓународниот аеродром - Скопје, каде ќе биде дочекан со најголемите државни и воени почести.
Потоа ќе има церемонија за добредојде во Претседателската палата, каде ќе се одржи средба со претседателот и со премиерот на Северна Македонија.
Папата Франциск ќе оствари средба со лидерите на верските заедници на Северна Македонија во Спомен куќа на Мајка Тереза, додека главниот настан ќе биде светата миса на централниот градски плоштад.
Димовски ги повика сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат на мисата да аплицираат за билети во Католичката црква во Скопје, кои се бесплатни, како и да ги следат безбедносните инструкции.