Agnes Szücs
08 Септември 2023•Ажурирај: 09 Септември 2023
БРИСЕЛ (АА) – Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) денес се согласија да потпишат договор со кој се овозможува распоредување на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Албанија, јавува Анадолу.
Советот на Европската Унија преку соопштение објави дека земјите на ЕУ „ја усвоија одлуката за потпишување договор со Албанија за оперативните активности што ги спроведува“ Фронтекс.
Фронтекс „ќе може да ѝ помогне на Албанија во управувањето со миграциските текови, борбата со илегалната миграција и прекуграничниот криминал“, се наведува во соопштението.
Договорот овозможува заеднички операции со албанските служби за спроведување на законот и распоредување на тимовите на Фронтекс за гранично управување во земјата.
Блокот потпиша сличен договор со Црна Гора претходно годинава, кој стапи во сила на 1 јули.
Одлуката доаѓа во услови на зголемена загриженост од миграциски притисок.
Во вторникот, Агенцијата за азил на Европската Унија објави дека бројот на барања за азил се зголемил за 28 отсто (519.000), во првите шест месеци од годината во споредба со првата половина од минатата година.