Adel Ömeragiç
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтеровата скала го потресе југот на Црна Гора 40 минути по полноќ, а се почувствува во многу градови на црногорското приморје, на Цетиње, Подгорица и во Никшиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, епицентарот бил околу 20 километри северно од Херцег Нови.
Од Заводот проценуваат дека земјотресот можел да предизвика помала материјална штета во епицентралното подрачје.