Stipe Majic
29 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја потресе Хрватска, се почувствува и во земјите од регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според првичните информации, во силниот земјотрес во Петриња бројни граѓани повредени, а градоначалникот на Петриња потврди дека загинало дете.
По силниот земјотрес прекинати се телефонските врски во Велика Горица и во деловите на Загреб.
По новиот силен земјотрес паника во Загреб, колапс на сообраќајот, гужви на излезот од градот.