Husamedin Gina
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 222 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 340.341, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатото деноноќие пријавени се 2 починати лица од Ковид-19. Согласно со Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани 6 починати лица во периодот од 11.08. до 28.08.2022 година. Досега од коронавирусот во земјата починаа 9.489 лица.
Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 329.192.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.660.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 954 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања.