Zülfiya Yakup
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека во судирот помеѓу демонстрантите и полицијата по денешниот протест на опозицијата, до 17 часот, повредени се 10 полицајци, двајца граѓани и два новинари. Истовремено, уапсени се 24 демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Косовската полиција, мајор Баки Келани соопшти дека ситуацијата е под контрола, но дека не е во потполност мирна и дека демонстрантите продолжуваат со насилно делување.
Според проценката на полицијата на протестите имаше осум илјади граѓани, додека Движењето Самоопределување соошти дека се собрале околу 100 илјади граѓани Келани го отфрли пишувањето на одредени косовски медиуми дека полицијата во текот на денот го попречуваше доаѓањето на граѓаните од другите делови на Косово во Приштина на протест, дури и неколку државјани на Албанија кои сакаа да се придружат на протестот.
Според неговите зборови, полицијата беше воздржана се додека поради употреба на молотовиеви коктели од страна на насилните демонстранти не започна да гори објектот на Владата.
Келани наведе дека една група млади луѓе беше исклучително насилна ризкувајќи ги животите на полицајците и случајните минувачи. Полицијата, додаде тој, беше приморана да реагира со законски средства за да ги спречи насилните демонстранти и тоа го направи максимално професионално и со законски предвидени методи.
Опозициските партии, Движењето "Самоопределување", Алијанска за иднина на Косово и Иницијатива за Косово изразија жалење поради насилство које изби по масовниот протест против Договорот за Асоцијација на општините со српско мнозинство и Договорот за демаркација со Црна Гора, како и за оставка на Владата која го прекрши Уставот со тие договори.