Балкан

Институтот „Јунус Емре“ со активности во Кичево

„Македонија која претставува еден културен мозаик, на целиот свет му покажува дека е можен соживот во мир и хармонија“, рече амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара

Oktaj Omeragik  | 17.04.2018 - Обновена : 18.04.2018
Институтот „Јунус Емре“ со активности во Кичево Фото: Институт „Јунус Емре“ - Скопје

Skopje

СКОПЈЕ - Институтот Јунус Емре - Скопје денеска му подари 250 книги на основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, јавува Anadolu Agency (AA).

Ценејќи го значењето на развојот на образовниот процес, Институт Јунус Емре - Скопје постојано ги покажува своите активности на ова поле. Со цел развивање на уште поголеми врски меѓу Македонија и Турција, Институтот Јунус Емре (ИЕЕ) денеска во Oсновното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево во кое наставата се одржува на Македонски, Турски и Албански јазик, одржа Час на турски приказни, настан кој стана традиција во рамките на програмата на институтот.

Во програмата се приклучи и амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, обраќајки се со зборовите: „Би сакала да го истакнам своето задоволство што ја имам можноста со вас да ги слушнам приказните за деца, реткото културното наследство кое се предава од генерација на генерација, во кои станува збор за мешавината на нашите чисти чувства и акумулираните основи на човештвото кои се протегаат уште од далечното минато. Македонија која претставува еден културен мозаик, на целиот свет му покажува дека е можен соживот во мир и хармонија. Важен дел од тој соживот претставуваат и нашите сонародници, правејќи ја врската меѓу Македонија и Турција секој ден сѐ поцврста.“

Амбасадорката Кара истакна дека училиштата во кои наставата се изведува на повеќе јазици, само го истакнуваат богатството на училиштата.

„Тоа богатство го видов во ОУ „Санде Штерјоски“. Многу сум задоволна што во ова училиште наставата се одвива на три јазика. Јас сум родена во странство и таму се школував. Ова богатство го немам видено таму. Тука забележувам дека децата се насмеани. И се заблагодарувам на македонската влада што го сочувале ова богатсво“, рече амбасадорката Кара.

Амбасадорката Кара во своето обраќање додаде дека Институтот Јунус Емре на училиштето му подари 250 книги и ќе продолжи со својата помош.

„Македонија е наша пријателска земја. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да им помага на нашите пријатели. Им се заблагодарувам на учителите и училиштето“, истакна амбасадорката Кара, а на прашањата на новинарите, амбасадорката Кара одговори:

„По повод Часот на турски приказни, Институтот Јунус Емре на училиштето му подари 250 книги. Користејќи ја оваа можност, го посетивме уличиштето за да му ја дадеме нашата поодршка и да прашаме дали имаат и некои други потреби и проблеми, за да изнајдеме начин за нивно решавање. Освен тоа, како амбасадор, сакам да се сретнам со нашите сонародници, да ги сослушам, со цел изнаоѓање на соодветно решение“, рече амбасадорката Кара.

На настанот на кој учествуваа 800 ученици со своите родители, педагози и артисти на 3 јазика ги читаа приказните за Келоглан и Наседин Хоџа. Денешниот настан беше најбројна организација во рамките на детскиот клуб основан од страна на ИЕЕ. По завршувањето на програмата, на учиниците им беа дадени подароци и книгата-боенка „Буквите што јадат?“ од Неџати Зекерија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın