Şebnem Coşkun
26 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, која се наоѓа во централниот дел од Турција, е најпосетуваната туристичка дестинација во земјата. Од година во година стана незаобиколна дестинација на туристите од сите делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Кападокија се соединуваат природата и историјата, формирајќи еден од најубавите предели во светот. Специфичноста на Кападокија, чие име значи „Земја на убави коњи“ лежи во нејзината поставеност меѓу три вулкани, кои за време на вулканските ерупции, во регионот создале таканаречен „месечев предел“.
Геолошките движења низ историјата формирале „волшебни“ бели оџаци, а населението од регионот оставиле свои траги, градејќи живеалишта во карпите и на тој начин ги претвориле во ремек дела на човечката цивилизација.
Она што во последните три децении стана карактеристично за Кападокија е лет со балон, кое на туристите има дава посебно доживување и можноста од воздух да се запознаат со пространствата на Кападокија.
Летот со балон во Кападокија започна далечната 1988 година и поради поволните временски услови достапен е 300 дена во годината.
Меѓу многуте белешки од патувањата, Кападонија е опишана како „музеј на отворено“ и затоа овој регион од Турција е окарактеризиран како единствен и живописен спој на природата и историјата.
Кападокија годишно ја посетуваат повеќе од еден милион туристи.