Stipe Mayiç
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Хрватскиот министер за култура Златко Хасанбеговиќ и албанската министерка за култура Мирела Кумаро Фурџи потпишаа програма за соработка во подрачјето на културата на двете министерства за периодот 2016-2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за пета програма за соработка која е подготвена на темелот на договорот за образовна, културна и научна соработка помеѓу двете влади, потпишана во Тирана на 1.февруари 1994 година.
Програмата која министрите ја потпишаа ја уредува соработката и размената во сите подрачја на културата и уметноста за периодот од 2016 до 2019 година на начин да поддржува договори и соработка помеѓу институциите, експертите, уметниците и здруженијата.
Акцентот на програмата е ставен на подрачјето на заштитата и зачувањето на културното наследство, спречување на нелегална трговија со културни добра, соработка и размена на експертите преку краткорочни работни посети, научни патувања, набљудувачки мисии на фестивалите ...
Програмата опфаќа и размена на изложби, издавање, а поттикнува и директна соработка помеѓу писателите и нивните кровни здруженија, помеѓу библиотеките и стручните здруженија на библиотеките, како и соработка во подрачјето на традиционалната култура.
„Она што е посебно важно е дека со оваа програма го прекинуваме четиригодишниот застој во нашите односи, бидејќи оваа програма е обновена", истакна министерот Хасанбеговиќ.
Албанската министерка се заблагодари на хрватската Влада и министерот Хасанбеговиќ.
„Сакам да и се заблагодарам на хрватската Влада и министерот Хасанбеговиќ што овде го потпишавме овој договор. Мислам дека политичарите, министрите, министерствата, треба да ја поддржуваат културата и уметниците. Културата би требала да биде независна во однос на политичките институции и наша должност е да ја поддржуваме. Оваа програма е силен инструмент со цел поддрршка на луѓето кои целиот живот работат на полето на уметноста и културата", рече министерката Кумбаро Фурџи.
Во текот на престојувањето на албанската делегација во Загреб предвидени се и посети на Хрватскиот завод за реставрација, Хрватскиот народен театар и Музејот за уметност.