Клинички центар Војводина: „Повредените во Нови Сад сѐ уште се во животна опасност“
- Состојбата на тројцата повредени во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, Србија се уште е многу сериозна, изјави Весна Турклов, в.д. директорката на Клиничкиот центар „Војводина“
НОВИ САД (АА) - Состојбата на тројцата повредени во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, Србија се уште е многу сериозна, изјави Весна Турклов, в.д. директорката на Клиничкиот центар „Војводина“, известува Анадолу.
„Сите тројца се живи, тоа е најважно. За нијанса постабилно, но далеку е тоа од стабилно. Сите дијагностики, интервенциите се во тек, според нашите процедури. Сите сè уште се во животна опасност и сите се во тешка состојба“, изјави Туркулов.
Таа рече дека сите повредени сѐ уште се на апарати за вештачко дишење и објасни дека таква е процедурата бидејќи станува збор за тешки повреди.
„Секојдневно продолжува дијагностиката и соодветно на тоа, доколку има потреба, ќе има дополнителни интервенции“, додаде таа.
Во Клиничкиот центар „Војводина“ се наоѓаат еден маж (18) и две жени на 23 и 24 годишна возраст.
При уривањето на конструкцијата на Железничката станица во Нови Сад во петокот загинаа 14 лица, а најмладата жртва имаше само шест години.