„Идентификувани сите жртви од Железничката станица“, објави Вишото јавно обвинителство во Нови Сад
- Наредено е во текот на денот да бидат сослушани најмалку 20 лица, меѓу кои и одговорни од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер, одговорени лица од „Железници на Србија“ и други.
НОВИ САД (АА) - Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во денес соопшти дека се идентификувани сите 14 загинати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, известува Анадолу.
Најстар меѓу загинатите е маж на 77 годишна возраст, додека на најмладо е девојче на 10-годишна возраст.
Обвинителството објави дека Јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство на Нови Сад во соработка со Полициската управа во Нови Сад извршиле увид на местото на несреќата и нареди да се изврши потребното вештачења во штом е можно покус рок.
„Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано за прибирање на сите известувања и информации и за таа цел е наредено во текот на денот да бидат сослушани најмалку 20 лица, меѓу кои и одговорни од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железници на Србија“, одговорните лица од Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи за кривични дела и кривична одговорност на лица, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, објави Вишото јавно обвинителство на Нови Сад.
Директорката на Клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов, денес изјави дека тројцата од повредените во вчерашната несреќа се во многу тешка состојба и дека нивните животи се во животна опасност.
„Тие се оперативно третирани. Во тек е дополнителна дијагностика, но сите тројца се во многу тешка состојба. Многу е тешко да се дадат прогнози. Станува збор за многу тешки телесни повреди кои се опасни по живот“, информираше Туркулов.
Во петокот околу пладне во Нови Сад се урна настрешницата на Железничката станица убивајќи 14 лица и повредувајќи 3 лица.
Денеска на територијата на Србија е прогласен Ден на жалост по повод трагичната загуба на животи при уривањето на конструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.