Elvir Hociç
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
РИМ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во железничка несреќа што се случи доцна синоќа во Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Патнички воз на локална релација удрил во камион заглавен на железничкиот премин кај Торино.
Локомотивата и еден вагон по судирот излетале од шините.
Италијанските медиуми јавуваат дека машиновозачот загинал на местото на несреќата. Засега еден патник им подлегнал на повредите во болница.
Хоспитализирани се најмалку 18 лица.
На местото на несреќата пристигнаа надлежните служби, а истрагата за несреќата е во тек.