Балкан

Конгрес на балкански теолози и филозофи во Едрене: Исламскиот свет мора да реагира на геноцидот во Газа

- Конгресот го организираше Фондацијата на исламски теолози и филозофи, а домаќин беше Универзитетот Тракија

Gökhan Balcı  | 04.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
Конгрес на балкански теолози и филозофи во Едрене: Исламскиот свет мора да реагира на геноцидот во Газа Фото: Ѓокан Балчи

ЕДРЕНЕ (АА) - Во турскиот град Едрене се одржа Конгрес на балкански теолози и филозофи, од каде е порачано дека е неприфатливо исламскиот свет да не реагира адекватно на геноцидот што го извршува ционистичкиот Израел во Газа, известува Анадолу.

Конгресот беше организиран од Фондацијата на исламски теолози и филозофи, а домаќин на настанот беше Универзитетот Тракија.

На собирот присуствуваа муфтии, теолози и филозофи од Северна Македонија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, регионот Санџак, Бугарија, Романија, Словенија, Црна Гора и од Крим.

Завршната декларација на крајот на средбата ја презентираше претседателот на Фондацијата на исламски теолози и филозофи, проф. д-р Насрула Хаџимуфтуоглу, кој рече дека на Конгресот силно е нагласено братството на Анадолија и Балканот.

„Нашиот свет се соочува со криза на хуманост. Глобалните сили ги погазија основните човечки вредности стекнати со векови и без да покажат обѕир, ги занемарија универзалните морални принципи, правилата на меѓународното право и институциите, искористувајќи ја неорганизираноста на муслиманите. Исламскиот свет поради тоа ја почувствува најголемата штета во политичка, социјална и економска смисла“, истакна Хаџимуфтуоглу.

Тој нагласи дека „императив е исламските теолози и филозофи да ја подигнат јавната свест и да се фокусираат на конкретни истражувања со цел да влијаат врз ставовите и однесувањата на домашните и меѓународните носители на одлуки во насока на правдата“.


- Геноцид во Газа

Хаџимуфтуоглу рече дека западниот свет спроведува „глобална хегемонија“.

„Неприфатливо е исламскиот свет да не реагира на адекватен начин на геноцидот што ционистички Израел со поддршка на империјалистичките сили го извршува во Газа и пред заканите и опасностите што Израел ги претставува во регионот, и сето тоа пред очите на целиот свет кој не ги презема неопходните чекори за да го запре ова угнетување“, рече Хаџимуфтуоглу.

Тој нагласи дека затоа е „императив меѓународната заедница веднаш да преземе иницијатива со сите расположливи ресурси по ова прашање“.


- Семејство, училиште и општество

Хаџимуфтуоглу посочи дека невладините организации, институции и организации на исламскиот свет треба да ја покажат неопходната чувствителност да ги заштитат правата на муслиманите кои произлегуваат од меѓународното право и да го спречат кршењето на правата.

Тој додаде дека муслиманите треба да бидат внимателни кон империјалистичките и ориенталистичките проекти што ги спроведуваат доминантните сили преку етничките структури и верски групи за да ги постигнат сопствените амбиции во исламскиот свет.

„Во тој контекст, активностите за подигање на свеста би требало да бидат насочени кон семејството, училиштето и општеството. Исламските теолози и филозофи, како и лидерите на јавното мислење би требало да се фокусираат на активности кои ќе ја зголемат репрезентативната моќ на муслиманите, но и ќе одговорат на антирелигиозните и исламофобични ставови во земјите во коишто живеат и на целото човештво ќе му го објаснат исламот на соодветен јазик“, рече Хаџимуфтуоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.