Agim Sulaj
26 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште двајца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 42, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се откриени уште 69 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.432.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 281 тестирање за Ковид-19, додека досега во земјата се направени вкупно 22.725 тестирања.
Од овој вирус во Косово се излекувани вкупно 1.246 лица.