Samir Kajoševic
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 10 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора информираа дека се анализирани 94 примероци, од кои 10 биле позитивни на коронавирусот.
„Сите контакти се претходно потврдени случаи. Шест случаи се регистрирани во Рожае и четири во Будва“, соопштено е од Институтот.
Во Црна Гора моментално се активни 100 случаи на коронавирусот.