Ekip
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ЖЕНЕВА
Европа бележи раст во неделните случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) за прв пат во неколку минути, додека ограничувањата се ублажуваат во целиот континент, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Минатата недела Европа забележа раст во неделните случаи за прв пат во неколку минути“, истакна Др. Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, на неделната прес-конференција.
„На глобално ниво, со повеќе од 9 милиони потврдени случаи со Ковид-19 и над 400.000 смртни случаи потврдени од страна на СЗО, пандемијата продолжува да се забрзува, и рекорден број на нови случаи на коронаворис беа потврдени во недела, со 183.020 потврдени во 24 часа“, додаде тој.
Повеќе од 2,5 милиони случаи се потврдени во Европа, рече регионалниот директор на СЗО.
Иако европскиот регион сега има опаѓање на глобалните случаи во споредба со почетокот на годината, и понатаму се регистрираат околу 20 илјади нови случаи и повеќе од 700 смртни случаи секој ден.
„Со недели јас зборував за ризикот на повторно појавување додека земјите ги регулираа мерките. Во некои земји во Еврпа, овој ризик сега е реалност; 30 земји забележаа раст на новите кумулативни случаи во последните две недели“, нагласи Клуге, без да ги спомнува земјите.
„Во 11 од овие земји, забрзаното пренесување предизвика многу важно повторно појавување, ако се ставаат неконтролирани, ќе ги турка здравствените системи на врвот уште еднаш во Европа“, истакна Клуге.
- Поддршка за СЗО
Шефот на СЗО, Др. Тедрос Аданом Гебрејесус, денес во Женева се состана со министерот за здравство на здравство на Германија, Јенс Спах и со министерот за здравство на Франција, Оливер Веран.
„СЗО има чест да ве пречека вас двајцата денес тука, и ние упатуваме искрена благодарност за вашата солидарност и поддршка. Ние денес ја добиваме потребната поддршка, политичка и финансиска, како што беше кажано, и посакувам да ја изразам мојата благодарност“, рече Тедрос.
Меѓу другото, Спах нагласи дека Германија која ќе го преземе претседавањето на Советот на Еврпската унија наредната недела, ќе осигура поддршка од над 500 милиони долари за СЗО.
Тој рече дека повеќе земји во светот имаат потреба од финансиска поддршка и медицинска опрема.
„Затоа ние нудевме маски и медицинка опрема за СЗО со цел споделување во земјите кои имаат потреба. Вклучувајќи ја оваа медицинска опрема, германското Министерство за здравство ќе обезбеди сума од 500 милиони евра за СЗО оваа година“, нагласи германскиот министер.
„Глобалното здравје и поддршката за СЗО е една главна тема за време на актуелната пандемија. Ова е причината зошто јас дојдов во Женева за да се дискутираат нашите планови во претседавањето со ЕУ и начините за понатамошно поддржување на СЗО во овој критичен момент“, додаде тој.