Agim Sulaj
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.984, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 161.115.
Во последните 24 часа се направени 1.424 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.318.258 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 157.811 лица. Во моментов во земјата има 320 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.619.802 дози од вакцините против Ковид-19.