Furkan Abdula
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 333 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 216.328, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 16 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.609.
Институтот за јавно здравје регистрира 376 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 200.669.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.050.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.440 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања.