Косово потпиша договор со турскиот производител од одбранбената индустрија „Makine ve Kimya Endustrisi“
Покрај производната машинерија, потпишаниот договор предвидува и обука на персоналот, одржување на одредено време и опрема со системи за тестирање на квалитет и калибрација
ПРИШТИНА (АА) – Владата на Косово вчера потпиша договор со турскиот државен производител од одбранбената индустрија „Makine ve Kimya Endustrisi“ (MKE) за операционализација на фабрика за муниција во Косово, која ќе произведува муниција од различен калибар според стандардите на НАТО, пренесува Анадолу.
Како што е соопштено од Кабинетот на премиерот на Косово, покрај производната машинерија, потпишаниот договор предвидува и обука на персоналот, одржување на одредено време и опрема со системи за тестирање на квалитет и калибрација.
По пуштањето во работа фабриката ќе работи како јавно претпријатие и како 100 отсто локален бренд на Косово.
„Правевме вежби заедно со турската војска, купивме опрема, муниција и оружје што го произведува Туркије и сега е време заедно да произведуваме во нашата земја“, рече Курти на состанокот со делегацијата на МКЕ пред церемонијата на потпишување на договорот.
Владата на Косово на 27 ноември го направи првиот чекор кон развојот на својата воена индустрија. Курти рече дека одлуката што ја донел пред седницата на Владата е неопходен чекор за гарантирање на одржливиот развој на војската.
Фабриката, како што најави Курти, ќе се занимава со производство на муниција, а ќе има и лабораторија за проектирање дронови во Косово.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.