Балкан

Косовските власти затворија пет српски паралелни институции на северот на Косово

– Затворени се Косовскиот округ Митровица и паралелните општини Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Zylfije Adem Jakupi  | 31.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Косовските власти затворија пет српски паралелни институции на северот на Косово Фото: Илустрација

ПРИШТИНА (АА) – Косовските власти вчера затворија пет српски паралелни институции на локалната самоуправа во северниот дел на Косово, известува Анадолу.

Министерот за локална самоуправа на Косово Елберт Красниќи соопшти:

„По блиска координација меѓу институциите на Косово, затворени се паралелни нелегални институции на локална самоуправа, кои постапуваа според директиви од Србија, кршејќи ги Уставот и законите на Косово."

Красниќи соопшти дека се затворени Косовско-митровицниот округ и паралелните општини Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Тој потсети и дека претходно беа затворени уште седум паралелни општини во Призрен, Пеќ, Сува Река, Исток, Клина, Ораховац и Драгаш.

Министерот за локална самоуправа рече дека косовските институции обезбедуваат услуги за сите граѓани и дека тие се вистинската адреса за сите барања и потреби на жителите на Косово.

„Во ниту еден дел од нашата Република нема место за нелегално работење и паралелни услуги“, наведе министерот Красниќи.

Истовремено, косовската полиција соопшти дека во тек е полициска акција во четири општини на северот на Косово на барање на Министерството за локална самоуправа, во соработка и координација со надлежните косовски институции и правосудни органи.

„Целта на полициската акција е воспоставување ред и закон и прекин на активности во пет објекти кои се користеа како нелегални општини, кои што беа во спротивност со уставниот правен поредок“, соопшти косовската полиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.