Bedrudin Brljavac
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
САРАЕВО
Доктор Мирсад Пецо кој беше кандидат на Странка на демократска акција (СДА) за градоначалник на Општината Травник почина вчера во болница од последици на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од СДА потврдија дека со денови бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба предизвикана од коронавирусот.
Мирсад Пецо е роден на 14 март 1958 година во Травник. Заврши Медицински факултет, а долги години работеше во ЈУ Дом на здравје во Травник во Службата за здравствена заштита на работници и спортисти со конзуларно специјалистички амбуланти. Беше пратеник на СДА во Парламентот на Федерација на БиХ.
Во Босна и Херцеговина вчера се одржаа локалните избори во сите општини, освен во Мостар, каде се закажани за 20 декември оваа година.