Dzihat Aliju
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Турските државјани во Македонија утрово почнаа да гласаат на референдумот за уставни промени во Турција, кој ќе се одржи на 16. април, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето започна во Амбасадата на Република Турција во Скопје во 09.00 часот. Прва гласаше амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара.
Кара во својата изјава за медиумите, посака гласањето да и донесе убави нешта за Турција.
Таа рече дека, во Амбасадата во Скопје има две гласачки кутии, при што додаде: „Вкупниот број на гласачи изнесува 2. 422. Има многу мало зголемување во бројот на гласачи од минатата година. Единствена желба ни е, да обезбедиме, сите наши државјани да дојдат и на демократски начин да го искоритстат своето право на глас.“
Кара потсети дека, државјаните кои се на гласачкиот список надвор од државата можат да гласаат во амбасадите, и додаде дека на ваков начин на гласачите им е олеснато да го дадат својот глас.
Мехмет Акиф Агирман, еден од турските државјани, кој гласаше во амбасадата во Скопје, рече дека им е чест, како турски државјани да можат својот глас, да го искористат во странство.
Процесот за гласање во Турската амбасада во Скопје, ќе продолжи и утре. Граѓаните ќе можат да гласаат до 21.00 часот во амбасадата во Скопје.
Во меѓувреме, турските граѓани кои живеат во Албанија и Косово ќе можат да гласаат утре, на 9. април, во Турската Амбасада во Тирана и во Приштина и Генералниот Конзулат во Призрен од 09:00 до 21:00 часот.
Инаку, референдумот за уставни измени во Турција ќе се одржи на 16. април.