СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) – Ромите во светот денес го одбележуваат својот национален празник, 8 април-Меѓународен ден на Ромите, ден посветен на историјата и културата на овој народ, пишува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека Ромите на територијата на Македонија дошле во 14. век. Од тогаш некои избрале да живеат номадски живот, а некои се населиле во стамбени населби. Припадниците на ромската заедница се дел од Уставот на Македонија од 2001. година, признаени како посебна етничка заедница.
Во општината Шуто Оризари, во која Ромите се мнозинско население, ромскиот јазик е официјален. Според навоите на ромските функционери во Македонија, оваа општина е единствена во Европа чии градоначелник е Ром. Освен во оваа општина , од 85 општни во земјата, во 50 од нив живеат припадниците на ромската заедница. Ромскиот јазик е службен и во општина Куманово. Ромите имаат и свои припадници во Парламентот.
Неждет Мустафа e министер без ресор во Владата на Република Македонија, инаку припадник на ромската етничка заедница. На министерската функција стапи во јули 2008 година. Исто така, тој беше и национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 и на Националната стратегијата за Ромите.
Според него, во Македонија живеат околу 80.000 Роми, од кои вели дека, наголем дел живеат во источна Македонија и во Скопје, во единствената локлана самоуправа со мнозинско Ромско населние Шуто Оризари, каде тој беше првиот градоначелник. Во изјава за АА вели дека Ромите се сеуште најсиромашните граѓани во Македонија. Истакнува дека политичките лидери на Ромите и невладините ромски организации треба да вложат заеднички координирани напори со цел да се достигне до поголемо ниво на економска интеграција на ромската заедница.
Министерот Мустафа вели дека во минатото, додека не функционираше декадата на Ромите, тие живееле, како што истакнува, речиси надвор од цивилизацијата.
„Без вода, канализација, асвалт, улично осветлување и други нузжи граѓански потреби кои мора да се загарантирани како и на сите други граѓани. Впрочем во такви услови уште други живеат. Но со декадата во овие 8 години ова остана речиси во заборав. Некаде 80 отсто успеавме да показеме дека се има слух да се реши овој децениски нерамноправен однос", вели министерот Мустафа, додаваќи дека, она што мора да го направат во наредниот период е да се вложат големи напори за да се елиминираат супстандардните живеалиста на Ромите кои се во голем број.
„Во секој случај треба да се продолжи со динамиката на остварување на еднакви можности за сите грагани па и на Ромите да им се овозможат нормални услови за живот и работен опстанок. Повтоно сакам себе си па i сите дриги заедници, граѓани, да ги охрабрам дека Македонија е едно семсјетво на сите еднакви деца", вели тој.
Ромите во Македонија, по Македонците, Албанците и Турците се четвртата најголема заедница. Според податоците од 2002 година, во Македонија живеат 53.879 Роми,односно 2,66 % од вкупната популација во земјата. Некои невладини организации наведуваат дека нивниот број е поголем поради фактот што голем број Роми немаат лични карти и не учествувале во пописот на населението.Меѓународниот ден на Ромите, е денот на прославата на ромската култура и подигнување на совеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите.
- Медиумите на Ромите во Македонија
Во текот на раните 1990-ти години во медиумите почна да се слуша гласот на Ромите во Македонија. Тогаш беа отворени две приватни телевизии, и започнаа емисиите на ромски јазик во рамките на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија. Денеска, на националното радио, секој ден имаат емисија во времетраење од 30 минути, а на тв-програмата има емисија на ромски јазик три пати неделно, и еднаш во месецот емисија во времетраење од еден час.
- Ромите во Албанија и понатаму се соочуваат со тешки животни услови
Ромите живеат во речиси секој град во Албанија, но нивниот најголем број е во областа на Тирана.
Припадниците на оваа заедница продолжуваат да се соочуваат со одредени проблеми и потешкотии во животот, кои се однесуваат на образованието, домувањето, вработувањето во јавните институции или вработувањето во приватниот сектор.
Министерството за социјални работи и млади на Албанија изготви Национален план за интеграција на Ромите и Египќаните, кој предвидува иницирање на нови активности за промовирање на интеграцијата на Ромите и Египќаните со средства обезбедени од државниот буџет.
Според министерството, на општиот попис во 2011 година се регистрирани само 8.300 Роми. Но, од друга страна, други податоци од различни студии зборуваат за околу 18.276 до 120.000 Роми, каде, според оваа институција, се овозможува нивно економско и социјално вклучување кое е важно за севкупниот развој на земјата.
Самите институции признаваат дека Ромите и Египќаните живеат во лоши станбени услови, каде често немаат канализација и живеат во приградските населби без инфраструктура во нивната близина.
Правата на заедницата се заштитени од страна активисти на самата заедница, локалните институции, пред се Народниот правобранител на Албанија и Министерството за социјални работи и млади, како и меѓународните организации кои работат во Албанија и кои се занимаваат со заштита на човековите права.
- Ромите во Косово: Потребно е подобро спроведување на правата во пракса
Кујтим Паќаку, пратеник во Собранието на Косово од редовите на Партијата на Ромите на Косово, рече дека точната бројка на Ромите во оваа земја е сеуште непозната. Тој додаде дека бројот на ромското население според најновиот попис во Косово во 2011 година, кој беше околу девет илјади, е хипотетички и дека тоа не ја одразува вистината, бидејќи, според него, во пописните активности немаше попишувач од оваа заедница.
Во рзаговор за Anadolu Agency (АА), Паќаку рече дека оваа хипотетичка ситуација беше присутна и пред војната во Косово, каде што, според него, членовите на ромската заедница се декларираа врз основа на мнозинската заедница на областа каде што живееа. Тој рече дека причина за намалувањето на нивниот број и запишување како припадници на заедниците на одредена мнозинска заедница, го прават со цел да се вработат, да се ресоцијализираат, како и поради „срамот“, ниската национална свест, но, исто така, и погрешниот надзор на листите во текот на пописите на населението и домаќинствата.
Во однос на правата на оваа заедница, Паќаку рече дека според Уставот на Косово, ромската заедница има „фантастични" права, но дека тие не се спроведуваат во пракса.
Паќаку рече дека проблемите на Ромите не може да се решат делумно, туку дека треба да бидат вклучени во пакет, кој ќе вклучува четири главни прашања, како што се домувањето, здравството, вработувањето и образованието. Тој рече дека друг проблем е прашањето на повратниците, бидејќи, според него, Косово нема стратегија за нивната реинтеграција.
И покрај уставно загарантираните права, Паќаку рече дека оваа заедница не е застапена колку што треба во косовските институции, бидејќи квотите наменети за нив се исполнуваат со оние кои се декларираат како Роми, а всушност не се. Тој нагласи дека ова се случува во образованието и вработувањето, „каде што има многу невработени Роми и сиромашни, кои дефинитивно бараат интеграција.“
Исто така, пратеникот Паќаку рече дека оваа година на универзитетите успеаја да запишаат околу 40 студенти, повеќето од нив во државниот универзитет во Призрен.
- Меѓународниот ден на Ромите се одбележува од 1990 година
Денот официјално е прогласен 1990 година во Сеороцк во Полска, на местото каде се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата меѓународна средба на ромските претставници одржан во Челсфилд, во близина на Лондон од 7-12 април 1971 година. На тој конгрес донесена е одлука за ромската химна, за која е избрана песната Ѓелем, Ѓелем (ромски:Одев, одев) и одлуката за ромското знаме кое се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.