Fatjon Cuka
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ТИРАНА (АА) – Претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, го покани во официјална посета на Тирана, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој неодамна беше избран на оваа позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Поканата за посетата на Џафери во Албанија е потврдена преку соопштение од кабинетот на Мета.
„Македонија е важен сосед и поради албанскиот државотворен фактор. Да ги зајакнеме нашите интерпарламентарни односи. Посакуваме мир, стабилност, просперитет за сите граѓани на Макwдонија. Со нашата соработка да се унапреди европската перспектива на Македонија”, се вели во соопштението на Мета упатено до неговиот колега Талат Џафери.
Во среда, кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија соопшти дека „новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери, својот работен ден го започна во претседателскиот кабинет“.
Ден потоа, во четврток, кабинетот на претседателот на Собранието информираше дека е испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов во кое се наведува дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија.