Malik Hasa
28 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
ТИРАНА (AA) – Лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција и актуелниот претседател на Собранието на Албанија, Илир Мета е избран за претседател на државата откако, како единствен кандидат учествуваше во четвртата рунда од претседателските избори, јавува Anadolu Agency (AA).
По три безуспешни рунди од претседателските избори, во Собранието е одржана и четвртата рунда, на која Илир Мета беше единствениот кандидат за претседател. Мета ја доби поддршката од 87 пратеници од 89 прантеници во Собранието и така стана седмиот претседател на Албанија. Кандидат за претседател на Собранието му го предлага група од најмалку 20 пратеници.
Гласањето во секој круг е тајно и без расправи. Уставот на Албанија предвидува пет изборни круга за да се одреди шефот на државата. Во првите три круга, кандидатот треба да добие три петини од 140 пратеници, што значи 84 гласа.
Ако не биде избран, во последните два круга е доволно просто мнозинство, односно 71 глас. Доколлку ниту по петтата рунда не биде избран претседател, без оглед дали поради недостатокот на гласовите или поради непостоење на кандидати, Собранието се распушта и парламентарните избори мора да се одржат најдоцна за 45 дена од распуштањето на Собранието.
Според Уставот на земјата, доколку новиот претседател не зе избере до завршувањето на мандатот на актуелниот претседател, должноста претседател ја врши претседателот на Собранието се до изборот на новиот шеф на државата. На актуелниот претседател Бујар Нишани петгодишниот мандат му истекува на 24. јули.