Балкан

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, поднесува оставка

„Поради сите изминати настани, од морални причини сакам да поднесам неотповиклива оставка од функцијата министер за безбедност на Босна и Херцеговина“

Elvır Hodzıc  | 24.01.2025 - Обновена : 24.01.2025
Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, поднесува оставка

САРАЕВО (АА) - Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, синоќа објави дека поднесува оставка на таа функција поради морални причини, јавува Анадолу.

„Поради сите изминати настани, од морални причини сакам да поднесам неотповиклива оставка од функцијата министер за безбедност на Босна и Херцеговина, која веќе утре преку моите адвокати ќе биде соопштена и предадена на сите овластени институции. Деталите и причините за мојата оставка ќе бидат објавени утре откако ќе биде официјално поднесена“, напиша Нешиќ во објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека деталите и причините за неговата оставка ќе бидат објавени денес откако и официјално ќе ја предаде.

Во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина беше поднесена иницијатива за смена на Нешиќ, кој беше уапсен во декември минатата година под сомнение за коруптивни криминални дела.

Уапсени се и Милан Дакиќ, директор на Јавното претпријатие „Патишта РС“, Младен Лучиќ, брат на поранешниот министер во Советот на министри на БиХ, Милош Лучиќ, и уште четири лица.

Тие се осомничени дека на позиција раководители во „Патишта РС“ и неименувано претпријатие извршиле кривични дела здружување заради извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службена позиција или овластување и примање мито, наведоа од Обвинителството на Бих.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın