Admir Fazlagic
24 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Прагот за успешност на референдумот во Гевгелија за тоа дали да се отворат рудници за злато на планината Кожув до 17 часот бил надминат, соопшти Општинската изборна комисија на Гевгелија (ОИК), пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на ОИК Гевгелија, Гордана Поп-Кочева изјави дека според излезноста на граѓаните заклучно со 17 часот, може да се каже дека референдумот успеал.
„Според излезнота на граѓаните заклучно со 17 часот уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија се изјаснуваат по прашањето дали се за или против отворање на рудници за злато на планината Кожуф", изјави Поп-Кочева.
Таа соопшти дека од вкупно запишаните 19.459 граѓани во гласачкиот список, заклучно со 17 часот своето право на глас го искористиле 11.275 или изразено во проценти 58 отсто од гласачкото тело во Општината.
Од ОИК Гевгелија најавија дека во текот на вечера ќе бидат соопштени конечните резултати за излезноста и изјаснувањето на граѓаните.
Жителите на Гевгелија своето право на глас денеска можеа да го остварат на вкупно 37 избирачки места, кои се отворени утрово од седум часот, а беа затворени во 19 часот.