Andelija Stojkovic
24 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
БЕЛГРАД (AA) - Машко лице кое со себе имало ладно оружје утрово упаднало во зградата на Амбасадата на Србија во Атина, а по повеќечасовни преговори е изнесен, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението на Министерството, во инцидентот немало повредени, но причинета е значителна материјална штета.
Министерството наведе дека младо машко лице утрово ја прескокнало оградата и влегло во дворот на Амбасадата на Србија во Атина, а потоа поминало низ вратите на конзуларното одделение и влегло во зградата.
Како што се наведува, по обидот на вработените да разговараат со него, тој почнал да го крши инвентарот и да се заканува.
Тој по реакцијата на грчката полиција и повеќечасовните преговори е изнесен од амбасадата.