Fatjon Cuka,Furkan Abdula
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ТИРАНА (АА) - Полицајката во Албанија која во четвртокот беше повредена за време на протестот одржан во Тирана, е испратена со амбулантен авион за лекување во турскиот главен град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Ина Нука (26) која се здоби со повреди за време на протестот одржан во Тирана против проектот за рушење на згради поради изградбата на Големата обиколница во овој град, со амбулантен авион на турското Министерство за здравство патува на лекување во болницата „Нумуне" во Анкара.
На аеродромот „Мајка Тереза" во Тирана беа присутни албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај, минситерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, вршителот на должноста во турската амбасада во Тирана, Муаммер Хакан Џенгиз, како и семејството на повредената Нука.
Албанскиот министер за внатрешни работи, Лешај, во изјава за AA истакна дека Владата на Турција овозможила брзо испраќање на Нука во Турција, и упати благодарност до турската влада поради тоа. Тој посака брзо оздравување на Нука.
Џенгис, од турската амбасада во Тирана рече дека Нука е испратена за лекување во Турција по барање на албанскиот премиер, Еди Рама, и со инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Нормално дека во ваква хуманитарна ситуација ќе бевме до албанскиот народ, кој е наш братски и пријателски народ. Секогаш ќе продожиме со ваква поддршка во тешките времиња“, додаде Џенгис.
Демонстрантите во четвртокот се собраа пред парламентот на Албанија со цел да протестираат против изградбата на Големата обиколница, при што настана судир меѓу демонстрантите и полицијата откако демоснтрантите се обидоа да влезат во дворот на Парламентот, при што беа повредени 12 полицајци меѓу кои Ина Нука.